ЗК Пелагонија влегува во стечај

117

Земјоделскиот комбинат Пелагонија кој е во тешка финансиска состојба веќе подолго време се соочува со стечајна постапка која ќе ги запре сите операции на некогаш еден од најбогатите и најголеми земјоделски комбинати во некогашна Југославија.

Земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола цели 4 месеци не може да ги исплати своите обврски и е со блокирана сметка што е причина за правна постапка за отварање на стечај.

Со оглед на тешката ситуација во комбинатот пред Основен суд Битола на 14.11.2024 година е поднесен предлог за отварање на стечајна постапка на предлог на доверителот Бетон дооел Штип, по кој е поведена постапка Ст.бр.152/24.

По предметот постапува судијката Татјана Митревска.

Со оглед на информациите од самиот комбинат за кој има малку дилеми дека е неликвиден, неспособен за плаќање, односно не е во состојба да ги измирува доспеаните обврски, сосема е очекувано дека над истиот ќе биде отворена стечајна постапка во најскоро време.

Земјоделскиот комбинат Пелагонија е со блокирана сметка повеќе од 45 дена што претпоставува дека стечајот на овој некогашен гигант е речиси извесна судбина.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content