Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи

124

Во второто тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 3.414.534 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се зголемени за 4,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 9,1 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 16,4 отсто.

Намалување на вредноста е забележано кај групите полјоделството и овоштарство и лозарство, а кај останатите групи на производи е забележано зголемување.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content