За околу 20 денари е намалена цената на жива мера свинско месо

140

Цената на свинското месо жива мера е намалена за 20 денари за килограми. Гоце Сарафимов одгледувач на свињи и потпретседател на Асоцијација на земјоделци вели дека ова се должи на ниската откупна цена на житариците, односно на јачменот.

– Цената на свинско месо жива мера е сѐ уште поволна, иако сега во моментов е малку падната, од 140-150 денари падната е на 125-120 денари, плус пет посто данок. Меѓутоа добра е и таа цена во моментов, не е загрозувачка за одгледувачите на свињи – вели Сарафимов.

Забележува дека сѐ уште е исплатливо одгледувањето на свињи, имајќи предвид дека годинава откупната цена на сточната храна беше ниска, односно јачменот го откупувале за 9 или 10 денари по килограм.

На прашање на МИА дали по африканската чума е намален бројот на свињи во земјава, Сарафимов вели дека е намален, но не во голем обем, бидејќи голем дел од одгледувачите  ги обновуваат своите свињарски фарми.

– Моментално се обновуват сите тие фарми, кои беа зафатени со африканска свинска чума, што значи дека пазарот е задоволен од свинско месо – изјави Сарафимов.

Тој посочува дека во месарите има мало намалување на свинското месо за крајните потрошувачи.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content