Започна аплицирањето за бескаматни станбени кредити за лекари, полициски службеници…

53

Тоа е во рамки на владината програма со цел да им го олесни решавањето на станбеното прашање. Годинашната квота е вкупно 300 лица, односно по 100 од секој сектор, а следните години се очекува бројот да биде поголем.

Корисниците се избираат врз основа на систем на бодување, а во случај да има повеќе кандидати со еднакви бодови од дефинираните квоти, нивниот избор ќе се изврши според системот на бодување утврден од самата институција-корисник. Главен услов е подносителите на барањата да се во брак.

– Добра вест. Денеска започнува програмата за бескаматни станбени кредити за млади лекари, полицајци и војници. Едноставните чекори за аплицирање во е-Албанија во следните 30 дена овозможуваат брз и транспарентен процес за пристап до оваа нова програма. Полза ќе имаат 300 вработени во државната полиција, вооружените сили и лекарите-младите семејства од овие три категории, напиша Рама на Фејсбук.

За спроведување на оваа владина мерка се задолжени Министерството за финансии и економија, Министерството за здравство и социјална заштита, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content