Локално
Загина возач во тешка соораќајка на патот Ропотово-Прилеп
Во сообраќајна несреќа денеска на патот с.Ропотово-Прилеп загина 71-годишен маж од Македонски Брод.

Според информациите, несреќата се случила помеѓу камион и автомобил управуван од С.Р., кој починал на самото место.
Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.