ЕУ ги додели наградите за истражувачко новинарство

50

Првата награда оваа година ја доби младиот новинарски тим од Радио МОФ – Јасмина Јакимова, Бојан Шашевски, Даниел Евросимоски и Емилија Петреска за истражувањето со наслов „По трагите на Балканскиот рис – истражувачка сторија во две продолженија“, која жирито ја оцени како производ базиран на извонредно истражување.

Втората награда ја освои новинарската екипа на Истражувачката репортерска лабораторија – Македонија за серија истражувања поврзана со медицинска опрема, тестови, маски во екот на пандемијата со наслов „Пандемиско профитерство – другата страна на приказната со ковид-19“.

Третата награда ја доби сторијата со наслов „Работат 44, а плата земаат 1.410 лица – Истражувачки серијал за работата на Министерството за политички систем“ од авторите Кристина Озимец и Влатко Стојановски.

ЕУ наградите за истражувачко новинарство имаат за цел да ги поттикнуаат и промовираат извонредните постигнувања на истражувачките новинари во земјите на Западен Балкан и Турција, како и да ја подобрат видливоста на квалитетното истражувачко новинарство во овие земји во јавноста.

Заменик амбасадорот на Европската делегација во Скопје, Џулијан Васало реле дека „храбри новинари се оние кои истражуваат на храбар начин и отвораат прашања за коишто останатите не се осмелуваат да прашаат и на тој начин ги прават општествата подобри“.

Истражувачкото новинарство е од голема важност, бидејќи придонесува во заштита на јавниот интерес и бара отчетност од оние кои се на власт. Новинарството како професија има одговорна задача да ја информира јавноста на објективен начин и истовремено да го одразува мноштвото на гледишта коишто се јавуваат во јавноста и секако да бара отчетност“, рече во своето обраќање заменик амбасадорот на Европската делегација во Скопје, Џулијан Васало.

Наградите за истражувачко новинарство се доделуваат преку проектот финансиран од ЕУ, „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство на Западен Балкан и во турција“ во 2019, 2020, 2021 година во земјите кандидатки за членство во ЕУ и потенцијалните кандидатки: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција за истражувачки стории објавени помеѓу 2018 и 2020 година. Вкупно, 63 награди се или ќе се доделат во овој тригодишен период.
Во Македонија наградата е координирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) додека регионалниот конзорциум е воден од Мрежата Балканска истражувачка репортерска мрежа – БИРН Хаб.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content