Дурмиши: Законот за нефер трговски практики стапува на сила на крај на месецов

106

Веднаш штом ќе заврши мерката на Владата за намалување на дел од прехрамбените производи на сила ќе стапи Законот за нефер трговски практики кажа Министерот за економија Бесар Дурмиши. Со овој закон ќе се спречи повторно енормно да поскапат прехрамбените производи.

„На крајот на месецов ќе стапи во сила Законот за нефер трговски практики, добавувачите и купувачите ќе се усогласат во однос на рабатот и дополнителните трошоци, значи ќе се ограничи маржата за 10 проценти кај овие добавувачи и купувачи, со цел цената на 2458 производи што ќе ги опфаќа таа листа, да бидат на крај намалени за граѓаните. Сите одлуки што ги донесовме се во интерес на нашите граѓани“, рече Дурмиши

Во иднина, посочи, ќе има и други кошници кога граѓаните имаат најголема потреба да купуваат основни производи, во одредени периоди.

„Ние поставуваме маржа со која се ограничува профитот кога знаеме дека трговците генерално ги покачуваат цените. Работната група која е формирана од министерствата за економија и труд, за финансии, и за земјоделство, направија анализа и ја донесоа оваа мерка. За сите следни анализи ќе достават предлог кај нас за да го доставиме до Владата и ќе бидете навреме информирани. Како што го донесовме овој предлог и го изгласавме на седница на Владата, ако во консултација со трговците производителите и стопанските комори видиме дека тие предлози не се соодветни или не донесуваат добро на граѓаните и економијата, ќе ги смениме“, рече Дурмиши.

Во таканаречената есенска потрошувачка кошница се ставени 73 прехранбени поризводи. За нив бруто профитната маржа ќе биде ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало, а во маркетите ќе бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Одлуката на Владата за ограничување на бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи ќе стапи во сила наредниот ден по објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува до 31 октомври годинава. Како што соопшти Дурмиши на прес-конференција, ваквата одлука е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индекс на трошоци за живот, кои покажуваат дека споредено август 2024 година, со декември 2023 година, евидентирано е зголемување на трошоците за храна за 4 проценти.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content