До 2.000 евра државни пари за локални земјоделски манифестации и саеми

53

На повикот што е отворен до12 април годинава можат да аплицираат здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, јавни научни установи и истражувачи, образовни институци, единици на локалната самоуправа, стопански комори и задруги, информира МЗШВ.

Предлогот се доставува во еден оригинален примерок, напишан на сопствен меморандум, потпишан и заверен со печат од корисникот на техничката поддршка. Еден ист корисник може да аплицира само за едно барање и не може да се појавува како основач или овластено лице во други предлози за учество.

Прифатливи трошоци за поддршката се инвестиции за закуп на простор; изнајмување на штандови и/или бина; изнајмување на аудио и видео опрема, озвучување и осветлување, маси, столици и штандови, огласување во печатени и електронски медиуми и набавка на промотивен материјал покани, постери, флаери, банери, брошури, публикации, каталог, зборник, видео или аудио реклама.

Постапката за избор на корисници ја спроведува посебна комисија, врз основа на евалуација за исполнување на пропишните критериуми.

Од МЗШВ наведуваат дека минатата година доделиле 47 договори за поддршка на веќе познати локални манифестации и саеми, како и на нови. Вкупната финансиска поддршка беше во износ од пет милиони денари, а оваа година ја удвојуваат вредноста и ставаат на располагање 10 милиони денари за сите оние кои имаат добри и издржани идеи и кои ќе ги исполнат условите дефинирани во повикот

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content