До недела повик за бојкот на Тинекс и Веро, в петок на сите маркети

112

На социјалните мрежи се споделува повик за бојкот на два големи маркети, Веро и Тинекс, кој би траел од денеска до недела, а во петок да се бојкотираат сите маркети.

Во петокот се случи првиот обид за бојкот на ланците на маркети во земјава, а според УЈП се забележал пад на прометот. Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59%, објави УЈП.

Бојкотот доаѓа поради незадоволството на граѓаните од високите цени на производите, а по примерот на соседните земји каде што исто така се организираат бојкоти за да се изврши притисок за намалување на цените.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content