ДКСК со онлајн дискусија на Меѓународниот ден за борба против корупцијата

39

Како што соопшти ДКСК, првично предвидени се обраќања на: претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, заменикот на претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за правда, Бојан Маричиќ и на претставникот на платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, Миша Поповиќ.

По воведните обраќања, треба да се одржи онлајн дискусија која ќе се одвива преку интернет платформата „ZООМ”, а во која покрај медиумите, се очекува да се вклучат и претставници на законодавната, извршната и судската власт, од меѓународните организации, локалната самоуправа, невладиниот и приватниот сектор.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content