ДИЈАМАНТИ, КЕШ, ПРОНЕВЕРА НА МИЛИОНИ – Се шири акцијата на МВР во Струмица

128

Припадници на МВР, на Министерство за финансии, на Управата за јавни приходи и на Јавното обвинителство, вчера влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, пренесе Нетпрес.

Според нив тој се сомничи за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања.

При претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица се во бегство, а Крмзов е обезбеден на органите кои ја водат акцијата. Откриени се косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струничкиот бизнисмен кој важи близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев, стои во објавата

Кај него биле пронајдени дијаманти, а кај негов магационер во Скопје поголема количество на готовина. Инаку, пред четири години се пишуваше дека постои шверц на разновидна стока од фирмата на Крмзов.

– Сѐ уште јавноста не доби одговори за шверцот на брендирана стока од страна на блиски луѓе до семејството Заеви, и за тоа кој интервенирал и ургирал да се пушти запленетиот камионот во населбата Шуто Оризари кој бил преполн со шверцувана и нецаринета роба. Според нашите информации, камионот кога бил сопрен кој превезувал роба за блискиот соработник на Вице Заев, Крмзов, инаку „Винекс текстил“ немал документи за царина на дел од робата која што ја превезувал. Возачот немал исправни документи за брендираната роба и авто деловите, а лажел дека имал комплетна документација кога бил сопрен од надлежните лица од полицијата“- тогаш соопшти ВМРО ДПМНЕ.

Денес надлежните институции очекуваат да изнесат повеќе информации.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content