Политика
ДЗС бара попишувачи и реонски инструктори за пописот во април
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави конкурс со кој бараат реонски попишувачи и реонски инструктори кои во април оваа година ќе го спроведуваат попишувањето во рамки на пописот 2021 година.

„На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини“, велат од ДЗС и додаваат дека електронската апликација е достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.