Децата и младите во фокусот на Деновите на медиумска писменост

49

Во текот на претстојнава недела ќе се одржат низа настани, конференции, дебати, работилници, предавања и сл., кои ќе бидат организирани од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Мрежата за медиумска писменост.

„Тематската поставеност на овие Денови произлегува од најновиот развој на полето на медиумската писменост во земјава – официјалното влегување на медиумската писменост во програмите за основното образование, како пристап во предавањето, за што секако придонесоа сите досегашни заеднички напори за унапредување на медиумската писменост кај граѓаните од сите генерации“, истакна директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски.

Во рамки на манифестацијата, Мрежата што е составена од повеќе организации и институции по трет пат се приклучува кон одбележувањето на десеттата Глобална недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО, при што се предвидени низа настани посветени на градењето и развојот на критичката свесност кај децата и младите, но и кај други целни групи кои се директно или индиректно поврзани со нив.

Радио МОФ и МОФ ќе се приклучат со видео-дискусија „На Час“, која ќе се емитува онлајн на 24 ноември од 13 часот. Исто така, на 27 ноември ќе се случува и отворено предавање за млади – новинарски клуб.

Сите информации поврзани со активностите и настаните за текот на Деновите, ќе бидат споделувани преку каналите за комуникација на Мрежата на ТвитерИнстаграмФејсбук и на веб страницата www.mediumskapismenost.mk.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content