СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

По 18-ти пат 400 деца од различни верски заедници и од сите краишта на Македонија, ќе го празнуваат Божик во Прилеп

Во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, традиционално по 18-ти пат во Прилеп, над 400 деца ќе се дружат на свечен Божиќен ручек и ќе го прослават Христовото раѓање.

Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децата. Ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божиќна трпеза заедно се дружат деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно го празнуваат еден од најголемите христијански празници – Христовото раѓање.

На оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ.

Настанот традиционално се одржува на прв ден Божиќ во Хотел “Кристал Палас”.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content