СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Приведени двајца дилери од Прилеп и Битола, пронајдена дрога

Денеска полициски службеници од СВР Битола, ОВР Прилеп и ПС од ОН Прилеп на ул. "Скопска" во Прилеп ги лишија од слобода Ч. К.(32) и П. И. (36), двајцата од Прилеп, кај кои биле пронајдени две кеси со кафеава прашкаста материја.

Лицата се задржани во ОВР Прилеп, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.

Исто така денеска, полициски службеници од СВР Битола , ПС од ОН Битола го лишиле од слобода Н. Д.(25) од Битола, кај кого е пронајдена марихуана. Тој е приведен во полициска станица Битола и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content