Економија
Да не сме во војна, а да не знаеме?
Откако подолго време РЕК Битола константо има хаварии, проблеми во работењето и никако да почне да работи како што треба, вчера се случила експлозија и во најголемата хидроелектрана во Македонија - ХЕЦ Вруток.

Станува збор за најголемата хидроелектрична централа во Македонија, со моќност од 150 мегавати. Таа е дел од Мавровскиот систем на АД Електрани на Северна Македонија, заедно со ХЕЦ Равен и ХЕЦ Врбен.
По проблемите со производството на струја во РЕК Битола, каде што се прават напори да проработат два блока и изминатиот период имаше пожар и пукање на цевка, сега проблеми се случуваат и во хидропотенцијалот.
Хидроелектраните според актуелната состојба на акумулациите, имаат потенцијал од само околу 10 отсто.
Од АД ЕСМ попладнево демантираа дека се случила експлозија во хидроелектраната, велејќи дека станува збор за 15-минутен прекин во работата на ХЕЦ „Вруток“ поради осигурувач на вод кон гостиварските села.