Дали ни се спрема нова територијална поделба

39

– Јасно ви е дека тоа е и политичко прашање, заради кое и во Чаршијата улиците се делеа така, и Визбегово се делеше, па и самиот распоред на Скопје… Но, еднаш воспоставениот систем многу е потешко да го промениш, објасни Пенов.

Постојат решенија, вели тој, но ние мораме да се соочиме со политичката атмосфера и мора да поработиме со граѓаните бидејќи политичката атмосфера ни е поларизирана.

– Ќе доаѓаат избори, ако сакаме да ги решаваме суштинските проблеми на граѓаните, граѓанинот мора да ја преземе одговорноста, а ние мора да ги објасниме процесите за да може вистински да избере. Ако тој повторно прави изборни резултати кои ќе носат блокирани парламенти, ние ниедно прашање не можеме вистински да го решиме, истакна министерот Пенов.

Во интервју за МИА, тој посочи дека земјава се соочува со неколку нивоа на проблеми околу фискалната децентрализација и фер распределувањето на средствата, посочувајќи ги како пример понискиот степен на децентрализација од европските стандарди, неискористењето на ингеренциите овозможени со закон, како и недостигот на капацитети кај малите општини.

Тој посочува дека земјава според бројките е пониско децентрализирина од европските стандарди, каде што повеќе од 10 проценти од буџетот, од бруто општествениот производ, се одвива низ локалната самоуправа.

– Кај нас тоа е некаде околу пет – пет и пол отсто. Сега со овие промени во зголемувањето на учеството и на ДДВ-то и на персоналецот за општините, се стремиме да стигнеме до шест – шест и пол до 2025 година, што е ниско, појасни министерот Пенов.

Од друга страна, тој вели дека имаме неискористеност и на овие ингеренции коишто законот им ги дал на општините.

– Не само малите општини, туку и најголемите, недоволно ги евидентираат имотите за да наплаќаат данок на имот и недоволно ги искористуваат инструментите да зафаќаат данок на имот. Не говорам за од социјално загрозеното население, туку еве гледате во Скопје околу нас се градат облакодери коишто се скапи, каде што очигледно тој што ќе купува и ќе живее може да поднесе поголеми давачки за имотот што ќе го купува во тие зони. Локалната самоуправа не посегнува по тој инструмент да зафати повеќе пари, додаде Пенов.

Според министерот, и комуналиите, особено во Скопје, се држат на ниско ниво, а со тоа се овозможува интензивна градба која им пречи на граѓаните, но како што вели, без проблем, без никого да загрози, општината или градот можат двојно, тројно да ги зголемат давачките и економски да ги регулираат овие односи во својата општина, кои предизвикува една атмосфера на урбан хаос.

– И третото ниво се малите општини, кои и да ги искористат своите капацитети, немаат можности да опстанат, па што се размислува за дополнителни владини учества во нивното финансирање, истакна Пенов.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content