Голем скандал за НЕСТЛЕ светските брендови, вода за пиење се полни со фекалии!

100

Како што информираат од француското Министерство за здравство, изворската вода наменета за Perrier, Vittel и другите водечки брендови на глобално познатата фирма Nestle содржат фекална материја, Escherichia coli и други „загадувачи“ и моментално достапните третмани не можат да „гарантираат“ дека е безбедна за пиење.

Швајцарскиот прехранбен гигант е вмешан во скандал уште од јануари кога француските медиуми обелоденија податоци од владина истрага која покажа дека околу 30 отсто од целата минерална вода што се продава во Франција била подложена на контрола.

Првичната истрага покажа дека Нестле со години го криел фактот дека незаконски ја обработувале наводната изворска вода за да ја продава по високи цени во споредба со водата од чешма. Во текот на истрагата беше откриено дека Nestlé дури и криел филтери околу фабриките кога инспекцијата дошла во обиколка.

Последователно беше потврдено дека врвните брендови за вода на Нестле, како што се Perrier и Vittel, користеле ултравиолетова светлина и активен јаглен за да ја гарантираат безбедноста на храната, а за тоа ги известиле француските власти уште во 2021 година. Тогаш компанијата објави дека го инсталирале системот со добра волја, „за да ја гарантираат безбедноста на нивните производи“ што велат дека им е приоритет.

Но, со новите протекувања од истрагата, објавени во LeMonde и France Info, приказната одеднаш доби многу помрачен тон. Француското тело за безбедност на храна, Ансес и хидролошката лабораторија Нанси дојдоа до поинаков заклучок.

Експертите наведоа и дека констатирале широко загадување на изворската вода на исток во регионот Гранд Ест, каде што се полнат и флашираат марките Хепар, Вител и Контрекс, а на југозапад во регионот Оцитанија.

Во извештајот се наведува и дека е забележано присуство на хемиски загадувачи, таканаречени „трајни загадувачи“ кои масовно се користат во индустријата заедно со пестициди и слично.

Според Le Monde, со цел да се задржи статусот на минерална вода, Нестле минатата година се обврза да ги повлече UV третманот и филтрите што тајно ги користеа. Во исто време, француската влада се согласи да ги олабави правилата за изворска вода за да му дозволи на Нестле да користи филтрација за да ги убие сите несакани бактерии, се вели во објавениот меморандум.

Сепак, со укинувањето на двата начина на третман на водата, француските здравствени власти апелираат дека „се резервирани за квалитетот на водата по укинувањето на двата третмани, особено во однос на присуството на вируси (што микрофилтрација не може да истреби) и микрозагадувачи.

Како одговор на извештајот објавен во француските медиуми, компанијата Нестле истакна дека продолжуваат да произведуваат флаширана изворска вода во изворите Вержезе и Восгес, користејќи методи кои ги исполнуваат строгите стандарди дефинирани за изворска вода.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content