СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Со новиот граѓански законик до поголема правна сигурност и полесно остварување на правата на граѓаните

Министерството за правда и работната група за граѓанскиот законик поддржани од регионалниот проект „Правни реформи за економски развој во Западен Балкан“, финансиран од германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ) и имплементиран од ГИЗ, организираат дводневна конференција за Законот за семејното право и за Законот за наследството, која се одржува на 31 и 1 април во Охрид, Северна Македонија.

На отворањето на конференцијата, Викторија Аврамовска-Мадиќ, заменик-министерка за правда на Северна Македонија, истакна дека „усвојувањето на граѓанскиот закон претставува најсериозен потфат не само во сферата на граѓанското право туку и во рамките на правниот систем на нашата држава. Со изработката на граѓанскиот законик ќе се надминат правните празнини, недореченостите и противречностите што постојат во законите што ја регулираат оваа материја и ќе се обезбеди и она што е најголем проблем во владеењето на правото во државата, а тоа е правната сигурност“.

„Со усвојувањето на новиот граѓански законик, Република Северна Македонија ќе им се придружи на европските земји кои имаат граѓански закони и ќе биде првата земја во регионот на Западен Балкан финализирајќи го процесот на граѓанска кодификација. Усвојувањето ќе обезбеди поголема правна безбедност и доверба од страна на граѓаните и од страна на учесниците во правните трансакции и во инвестициите. Германската соработка ќе продолжи да создава платформи во кои соседните правни системи може да разменуваат перспективи и најдобри практики“, рече Јана Шуман, тим лидер во ГИЗ.

Членовите на академската заедница, судиите, нотарите, адвокатите, и истакнатите правници ќе дебатираат за најзначајните реформи, кои се предложени со нацрт-граѓанскиот законик за време на конференцијата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content