СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Вино и љубов во чест на Свети Трифун и Свети Валентин

На овој ден лозарите одат на лозјата и ги закројуваат лозите, а во винарските визби низ државата се организираат прослави на кои се слави денот на виното.

Вишиот кустос етнолог Томе Крстевски од Музеј – галеријата Кавадарци појаснува дека културата на виновата лоза е многу стара. Повеќето народи, почетоците на одгледувањето винова лоза ги бараат во митските времиња. Според Грците, тоа го сторил Дионис, а според Римјаните, тоа бил богот Бахус на кого му се принесувале жртви, погача, вино и жито.

– Гроздот е симбол на мудроста, а лозовата пенушка е атрибут на божествата на земјоделието и плодородието и го означува виното на животот, следствено и на бесмртноста. Симбол на жртвопринесување преку врската на виното и крстот. „Свети Трифун“, 14 февруари, на овие простори се слави како заштитник на лозарите и овоштарите, како во Тиквешијата, така и пошироко. Иконописците на многу икони и фрески во нашите цркви и манастири, Свети Трифун го прикажале како младо момче, кое во десната рака држи срп, со кој ги кроел лозјата и ги калемел овошките, појаснува Крстевски.

Тој додава дека во минатото Свети Трифун го славеле и меанџиите.

– Сите лозари се собирале во меаните и денот го завршувале со веселби. Oвој ден e богат со многу прослави и веселби, а со тоа и одбележувањетo на овој светител, закрилник на лозарите и овоштарите од овој крај, појаснува Крстевски.

Помладите генерации го слават Денот на вљубените со подарување на цвеќиња, плишани мечиња, чоколади и подароци со кои ја симболизираат љубовта.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content