СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Во Собранието продолжува 100. седница

Во Собранието денеска продолжува 100. седница, на која прва точка за расправа е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за административните такси, по скратена постапка.

Потоа следуваат предложените измени и дополнувања на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по договорот за заем за финансирање на проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2“, по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и за Годишниот извештај за работењето на Оперативно – техничката агенција за 2022 година.

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи е исто така дел од агендата.

Ќе биде разгледуван и Предлогот законот за нуспроизводи од животинско потекло.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content