Во Прилеп отворена изложбата на академскиот уметник Гегоски

26

Во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп синоќа беше отворена изложбата „Моите соништа на монументални платна“ од академскиот уметник Кирил Гегоски – Гегата.

Гегоски се претстави со две големи платна и повеќе студии акрил на платно создавајќи кохерентна ликовна целина.

Според Викторија Димеска, историчар на уметноста, Гегоски создал нови апстрактно асоцијативни конотации и донесува нова концептуална свежина.

Со промислено и внимателно распоредување на асиметричните форми, уметникот создал хармонични и обединети композиции. Вметнувајќи ги кривите и динамични линии ја разигрува конструкцијата и ги дефинира асоцијативните форми. Со вибрантната колоритна звучност и тонската одѕвонувачка чистина Гегоски го поедноставил сложениот катактер на материјата и ја усовршил функцијата на бојата, рече Димеска.

Кирил Гегоски e годинашен добитник на наградата за животно дело на Прилеп. Во текот на својата богата творечка кариера, Гегоски има над 23 самостојни и над 30 групни изложби во земјава и странство.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content