СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Во ЕУ нема согласност за гаранциите за членство на Западен Балкан

Европската унија веќе не може да се согласи околу давањето гаранции за идно членство на балканската шесторка, откако му вети на регионот место во европското семејство, пренесува агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на четворица европски дипломати и еден внатрешен документ.

На самитот ЕУ – Западен Балкан на 6 октомври, Европската унија треба да го повтори ветувањето дадено пред 18 години за недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, се наведува во нацрт-декларацијата за самитот, со дата од 11 септември, во која новинската агенција имала увид.

Сепак, според информациите, нацртот поминал низ најмалку две рунди преговори без да се постигне согласност околу неговата содржина, тврдат неименувани дипломати.

Членките на ЕУ не сакаат да ги откријат своите позиции, но богатите северни земји како Данска, Франција и Холандија стравуваат од повторување на брзото пристапување на Романија и Бугарија во 2007 година и лошото управување со миграцијата на работници од Источна Европа во Британија, пoради што, како што наведува „Ројтерс“, многу Британци се свртеле против ЕУ.

Британската агенција наведува и дека Бугарија се противи на приемот на Северна Македонија поради спорот околу јазикот.

Дури и ако ЕУ конечно се согласи за заедничка позиција, оваа ситуација, според „Ројтерс“, е одраз на застојот во планот на ЕУ да изгради „прстен на пријатели“ од Украина до Тунис, нудејќи поблиски врски, трговија и помош.

Агенцијата потсетува дека ЕУ во март 2020 година се согласила дека Албанија може да започне преговори, но Тирана и натаму не добива покана за започнување на официјалните разговори, бидејќи Брисел го поврза членството на Албанија со напредокот на Северна Македонија на европскиот пат, кој е заглавен поради несогласувања со Бугарија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content