ВНИМАТЕЛНО СО ТУНАТА ОД КОНЗЕРВА: Некои имаат преголема концентрација на жива

102

Европските институции за контрола и безбедност на храната алармираат за присутна голема концетрација на жива во конзервирана риба-туна и повикуваат на внимателност и построги контроли на храната која се увезува во земјите на ЕУ, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук проф. д-р Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија.

-Некои примероци имале дури 13 пати повисока концентрација на жива од дозволената.

Жувата е тежок метал чии соединенија внесувани во организмот можат да предизвикаат тешки неповратни оштетувања на централниот нервен систем, бубрезите и коскената срцевина. Депонирани во човечкиот организам можат таму да останат со години. Предизвикуваат сериозни оштетувања на мозокот и периферните нерви, компромитирање на функцијата на бубрезите и пореметување во циклусот на зреење на клетките од крвната лоза.

Особено се опасни кај мали деца и трудници.

Ги повикувам македонските институции задолжени за безбедност на храната на внимателност, пишува во својата објава Чибишев.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content