Политика
Владата на Србија донесе одлука за испраќање војска и полиција на Косово
Заврши седницата на Владата на Србија, на која беше усвоено барањето на Белград да побара од КФОР враќање на српската војска и полиција на Косово, согласно резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

На седницата во палатата „Србија“ присуствуваше и претседателот и врховен командант Александар Вучиќ.
Одредбата од Резолуцијата 1244 за враќање на нашите безбедносни сили е формулирана на таков начин што од неа произлегува обврската на КФОР да го олесни пристигнувањето на српската војска и полиција на Косово, објави српски Курир.
Претходните денови шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок и пратеникот на американскиот претседател Габриел Ескобар отворено се изјаснија против оваа идеја која директно ги крши нормите на меѓународното право и на Обединетите нации.