СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Владата на Ковачевски е влада на Бугарија, и на Албанија

Владата на Ковачевски не е само влада на Македонија туку е влада и на Бугарија, и на Албанија, затоа владеат со притисоци и уцени. Нема барање на Албанија и на Бугарија кое не го исполнија, обвинуваат денеска од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Антивладиното расположение кај народот се зголемува со секој насилен обид на Ковачевски и СДС да се одржат вештачки на власт. Тоа го знаат и во СДС, тоа го знае и Ковачевски. Затоа е големата нервоза кај нив. Затоа не знаат кого попрво да обвинат за својата очајна политика. Прво удрија по медиумите, сега удираат и по своите членови и пратеници кои се за предвремени избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нивните пратеници, на кои им е јасно дека владата на Ковачевски се одржува на апарати, се наоѓаат под сериозен притисок и закани како директни, така и индиректни од посредници, но и насилници и ликови од подземјето. Се поголем број членови на СДС и нивни функционери сваќаат дека агонијата со оваа власт може да се прекине само со предвремени избори. Тие гледаат дека СДС се претвори во владин приврзок на ДУИ и секој ден власт со Ковачевски е лошо и за СДС и за Македонија“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, насилниците и оние кои упатуваат закани кон пратеници, но и нарачателите треба да знаат дека за тоа ќе одговараат.

Оттаму додаваат дека никој веќе не се плаши на заканите и притисоците на оваа власт. нивниот политички крај се ближи. Борбата за Македонија нема цена и во оваа борба народот ќе извојува победа над власта на Ковачевски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content