СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

(Видео) Експлозија и пожар во близина на далноводите на МЕПСО е причината поради која немаше струја во Скопје

Во компанијата ЕВН засега немаат целосна информација зошто поголемиот дел од Скопје остана попладнево без струја, а дотур на електрична енергија немало ни до нивната мрежа.

Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија, информираа од МЕПСО за МИА.

Во речиси цел град од 17.20 часот немаше струја. Електричната енергија во кратки интервали доаѓаше неколку пати, но брзо ја снемуваше.

Инфомакс објави дека во моментов има голем пожар во Кисела Вода, односно во близина на трафостраницата на МЕПСО во населба Пинтија. Во речиси цел град од 17.20 часот снема струја.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски е на терен и се обидува да дојде до повеќе информации за причини за пожарот.

 

 

Во компанијата ЕВН засега немаат целосна информација зошто поголемиот дел од Скопје остана попладнево без струја, а дотур на електрична енергија немало ни до нивната мрежа.

 

 

Повеќе детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content