(Видео) Во автобуси на ЈСП неовластено наплаќаат по 50 денари влез за ноќни линии

108

Млада девојка е една од неколкуте што во јавно објавено видео сведочи дека во ноќна линија на ЈСП и биле побарани 50 денари за да влезе и да се врати дома.

Дека се прави нелегална наплата на билети во автобусите на ЈСП, тврдат и други патници кои се возат со ноќните линии.

Повеќе вакви видеа се појавија на мрежата „Тикток“, а во нив, претежно млади лица, велат дека на врата им се бараат по 50 денари за да можат да се превезат. Во спротивно, треба да го напуштат автобусот.

Спроед сведоштвото, се отворало по една врата додека возел автобусот, се додека не се стигнало кај Градежен факултет каде имало премногу гужва па се отвориле двете врати.

24инфо.мк побара став од Јавното претпријатие дали се запознаени со ваков случај, но досега не добивме одговор.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content