СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Вечерва е Богојавленска ноќ: Отворете го прозорецот и замислете желба

Според преданието, во Богојавленската ноќ се отвора небото и се верува дека секоја желба може да се исполни. Точно на полноќ треба да се погледне во него и да се замисли желба, која каква и да е мора да биде јасна.

Како и за многу празници, и за овој се врзани многу верувања околу временската прогноза. Се верува ако дува северен ветер, ќе биде здрава година, а ако дува јужен, годината ќе биде со болести. Родната година ќе биде ако биде облачно и ако врне снег тој ден, а ведрото време , претскажува убаво и сушно лето

Денеска е зимскиот Крстовден, ден кој се слави во пресрет на Богојавление и е прв ден по Божиќ кога православните верници постат.

Богојавление е празник востановен во спомен на Христовото крштевање во реката Јордан. Кога наполнил 30 години, Исус дошол на реката Јордан за да го крсти Јован Крстител, кој ги подготвувал луѓето за доаѓањето на Месијата и ги крштевал оние кои се покајале на брегот на Јордан.

При крштевањето на Исус Бог се јавил три пати. Тој момент претставува објавување на Богочовекот и воведување на Христос во месијанската мисија.

Овој настан се слави како Богојавление. На овој ден во сите храмови се осветува вода, која народот потоа ја зема во својот дом.

Се верува дека водата има лековита моќ и затоа секогаш се држи во куќата покрај икона како спасителски лек. Само на денот Богојавление со оваа вода може да се попрска секое ќоше од куќата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content