ВАЖНА ПРЕПОРАКА ПО ПОВОД ЗАДУШНИЦА од прилепските црковни храмови

162

Соопштение од прилепските црковни храмови по повод престојната Задушница:

ПОРАДИ ЕНОРМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ И ПРЕПОРАКИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ, ГИ ЗАМОЛУВАМЕ ВЕРНИЦИТЕ НАМЕСТО НА ГРОБИШТА ДА ДОЈДАТ ВО ЦРКВА, ЗА ДА СЕ ЗАШТИТАТ ОД НЕСАКАНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ТОПЛОТНИОТ БРАН.

ПРЕТХОДНАТА ОБЈАВА СЕУШТЕ ВАЖИ ВО ЦЕЛОСТ СО НАВЕДЕНИТЕ ТЕРМИНИ, НО УШТЕ ЕДНАШ АПЕЛИРАМЕ ЗА ВНИМАТЕЛНОСТ!!!
ДУХОВДЕНСКАТА ЗАДУШНИЦА – СООПШТЕНИЕ

По повод Духовденската задушница се известуваат сите благочестиви христијани, кои сакаат да се помолат за своите блиски упокоени во Христа, помените ќе се прават според следниот временски распоред:

✝️Нови градски гробишта
петок и сабота од 12 часот.

✝️Стари градски гробишта
петок и сабота од 13 часот.

☦️Храм Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) и храм Света Петка – Точила

– Утрена со Заупокоена литургија, петок и сабота од 07 часот

– Вечерна богослужба, петок и сабота од 17 часот.

Блудците ќе се пејат одма после службата.

Упокој ги Боже Твоите слуги, и во рајот всели ги каде што е соборот на Твоите свети, Господи, и каде што праведниците светат како светила: починатите слуги Твои упокој ги, превидувајќи ги сите нивни согрешенија. Бог да ги прости и да им дарува Царство Небесно.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content