Браќата на Филипче и Заев, преку брза шема стануваат сопственици на Фос Имерас – Соларна електрана

118

Заеви и Филипче не ги поврзуваат само фирмите во Бугарија, туку и фирми во Македонија.Покрај тоа што Венко Филипче е миленик на Зоран Заев, нивните браќа здружно го напаѓаат енергетскиот бизнис, обвини Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено во 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“, што преведено од грчки јазик значи „дневна светлина“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче.

Фос имерас на Заеви и Филипче гради 1.5 мегавати соларна централа на атрактивна локација од 23 000м2, на само петстотини метри воздушна линија од границата со Грција.

Централата е изградена во најкус можен рок, а сите фази од пренамена на земјиште до одобрение за градба се направени во време кога Зоран Заев и Венко Филипче се власт во Македонија.

 

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content