Битолскиот театар вечерва гостува на фестивал во Врање

102

Народниот театар од Битола гостува во Врање каде вечерва во рамки на фестивалот „Борини позоришни дани“ ќе ја изведе претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ.

Меѓународниот театарски фестивал во Врање, кој годинава слави 100 години од формирањето, е посветен на познатиот српски драматург Бора Станковиќ, има натпреварувачки карактер и освен македонските актери настапуваат и театари од Балканот.

Во претставата „Брод за кукли“ настапуваат Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов. Видео проекциите во претставата се на Владимир Переловски и Филип Ошавков.

Меѓународниот театарски фестивал во Врање завршува утре со доделување на награди.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content