Ако барате партнер, од овие не: Основана „база на податоци“ за лошите поранешни момчиња

25

„Сите ние го имаме тој ’поранешен кретен‘ за кого сакаме да ги предупредиме другите, па тоа сега може да го направите токму тоа“, се вели во описот.

Основана од Трејси Теган, на „The Ex-Boyfriend List“ (Листа на поранешни момчиња) се споделуваат приказни за мажи кои ги изневерувале своите партнерки, ги третирале со непочитување, па дури и вербално или физички ги злоупотребиле. Жените може да ги споделат своите искуства и да го остават името на нивното поранешно момче, градот и државата во којашто тој живее. Но, „лошите поранешни девојки“, се чини, не се опфатени тука, барем не во насловот и описот.

Сепак, правилата велат дека личните податоци, вклучувајќи го приватниот телефонски број на мажот, адресата, работното место и податоците за неговото семејство не може да се споделуваат.

„Ова место е за сите вие ​​жени кои сте несреќно вљубени во момче кое не вложило доволно во врската и ве искористило на начини на коишто не сте свесни дека можат да се случат. Преку овој процес што го изградивме, може да ја откриете вистината за него и да спасите животи“, вели Теган.

Таа, исто така, ги охрабрува корисничките кои се сомневаат во потенцијалниот партнер – да го побараат во базата на податоци.

Некои коментари од интернет-корисниците укажуваат и дека во таа „база на податоци“, приказните би биле еднострани и непроверени.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content