За нас

Слушајте радио, но слушајте добро радио.Тоа е пораката што ја испраќаме до нашата слушателска публика. Вие сте дел од неа и за нас нема ништо поважно од Вас. Затоа сме тука, 17 години во македонскиот етер.

Радио Холидеј е  радиостаница која емитува 24 часовна програма од сопствено емитувачко студио поврзано со линк и предавателна опрема лоцирана на периферијата на градот Прилеп. Според природата на програмскиот сервис ние сме говорно – музичко радио со претежно забавен општ формат. Говорниот дел на програмата ги остварува трите значајни функции: информативна, образовна и забавна.  Радио Холидеј емитува “инфо вести“ во кои се третираат значајни настани и случувања од градот и агенциски вести од земјата и светот.Се емитуваат и емисии кои имаат забавно – образовна функција, интерактивни програми, инфо сервиси и музика за сите генерации од сите жанрови.

alt

Радио Холидеј е една од најслушаните радиостаници во Пелагонискиот регион, тоа го покажуваат истражувањата на публиката во Македонија.Тоа е и причината поради која постои голем интерес кај локалните компании и тие од надвор за реклама преку нашата програма. Главниот формат на радиото е mp3 и во влезна и во излезна обработка на сигналот.Емитуваме дополнителна RDS услуга на која во моментов се објавува идентифи-кацијата на радиото.  Програмата се слуша преку интернет. Македонците кои живеат во дијаспора, покажуваат интерес за слушање на радиото а реакциите се позитивни и мотивирачки. Тоа не охрабрува да се одржиме на истата бранова должина со нашите слушатели и да оствариме континуитет на успешност, професионалност и многу публика.

 Нашиот тим

alt

                          

 

 

 

Контакт

contact@radioholidej.com.mk

048/422-485

Мариовска 31,7500 Прилеп,Македонија

Следете не: